Земјоделски трактор со приколка полна со луѓе се превртел и паднал во езеро во северна Индија, при што загинале 26 лица, главно жени и деца.

Шефот на полицијата Теџ Сваруп Син рече дека околу 40 луѓе се враќале од церемонијата во блискиот локален хинду храм во саботата.

Индискиот премиер Нарендра Моди на Твитер им изрази сочувство на семејствата на жртвите и рече дека се моли за повредените.

Тоа е втор инцидент во последните три дена кога се превртел трактор кој превезувал луѓе при што загинаа најмалку 12 лица. Тракторските коли треба да се користат за земјоделски работи и за транспорт на стоки, а не за превоз на луѓе, велат властите.

Индија има една од највисоките стапки на смртност на патиштата во светот, со стотици илјади загинати и повредени годишно.

📸