Полицијата соопшти детали за вчерашниот инцидент во автобусот број 51 кој се случил во Кисела Вода. Повредени се двајца малолетници откако се скарале со друго момче за седиште во автобусот.
Малолетник од Моране извадил нож, но прво го повредил другарот па себе иако нападнал трет средношколец.
Укажана им е лекарска помош, а обвинителството ја води истрагата. Во продолжение соопштението на МВР:
-На 22.09.2022 во 19.33 часот во СВР Скопје е пријавено дека полициски службеник задржал две лица кои кај Стара Рампа, во автобус бр. 51 го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца малолетници, во која бил употребен остар предмет.
Имено, откако по вербална расправија за место за седење малолетник од с.Моране извадил остар предмет да нападне малолетник од с.Студеничани, не успеал во намерата и повредил малолетен другар од с.Студеничани, а се повредил и самиот.
По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници обезбедени се сите учесници во настанот, двајцата малолетници со посекотини на рацете биле пренесени во ГОБ „Наум Охридски“.
За случајот е известен Јавен обвинител и по документирање на случајот против сторителите ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Be the first to write a comment.