– Празни згради, подразрушени тоалети, обрасната трева и нетипична тишина е она што нѐ дочека во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје, објави утрово сајтот Факултети.мк во својата сторија

Додека сите го очекуваат тендерот за реновирање на еден од најпространите студентски домови, студентите полека се вселуваат во новите баракички и во две од трите ламели на третата зграда.

Во првите две згради, пак, времето е застанато. Собите во кои некогаш се сместуваа дури и по четворица студенти, сега зјаат празни чекајќи чекан. Некогашната врева од студентите е заменета со неочекувана и нетипична тишина која, доколку сте живееле во „Стив“ во времињата кога имаше тепачка за место, многу ќе ве натажи.

– Но, ако прошетате низ студентскиот дом, ќе видите дека промените донеле многу малку добро. Уште на влезот во третата, таканаречена женска зграда, на местата каде што порано беа излепени огласи „изготвувам семинарски и дипломски“, сега ќе ве пречека оглас за работа во Хрватска, па ќе си помислите „зарем не е доволно пусто, уште ова фали“. Принципот на сместување во студентските соби во женската зграда останал ист – само сега најчесто престојуваат по 2-3 студенти, иако условите не се нималку добри. Ако порано низ ходниците се слушале гласовите на студентите кои биле возбудени за нивната преселба, сега се слуша звукот на чеканот. На влезот во домот ве пречекува непријатна реа и застојан и неубав мирис од тоалетите, а како што се движите нагоре по скалите и ходниците, не може а да не ги забележите ичкртаните и уништени ѕидови со графити, погрдни зборови, пцости, кои стојат со години, се вели во сторијата.

📸

📸

📸

📸

📸

Целиот текст и фотографиите погледнете ги на факултети.мк