Од Обвинителството информираат дека се истражува смртта на 28-годишното момче во Гостивар.
-Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар изврши увид на лице место во близина на семејна куќа на улицата „Гоце Делчев“ во Гостивар, каде синоќа беше пронајдено безживотно тело на машко лице на возраст од 28 години со прострелна рана во главата.
Починатиот бил однесен во Ургентниот центар во Гостивар од неговиот татко и таму била констатирана смртта. Врз телото на починатиот ќе се врши обдукција.
При увидот на лице место се подигнати траги, како и оружје – пиштол кој ќе биде предмет на вештачење. По наредба на јавниот обвинител, обезбедени се видео записи од камерите на локалните објекти.
Преземени се и други дејствија од кои се очекуваат резултати за целосно расчистување на настанот, велат од Обвинителството.
Во семејната канта за отпадоци бил пронајден пиштол
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар изврши увид на лице место во близина на семејна куќа на улицата „Гоце Делчев“ во Гостивар, каде синоќа беше пронајден мртов Г.А.(28) со прострелна рана во главата.
Починатиот бил однесен во Ургентниот центар во Гостивар од неговиот татко и таму била констатирана смртта. Врз телото на починатиот ќе се врши обдукција.
При увидот на лице место се подигнати траги, како и оружје – пиштол кој ќе биде предмет на вештачење. По наредба на јавниот обвинител, обезбедени се видео записи од камерите на локалните објекти.
Преземени се и други дејствија од кои се очекуваат резултати за целосно расчистување на настанот.
-На 17.09.2022 во 19.40 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека во гостиварската болница „Ферид Мурад” со повреда од огнено оружје бил донесен Г.А.(28) од Гостивар, кој набргу починал. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Г.А. се здобил со повредите во дворното место од семејната куќа, а во кантата за отпадоци бил пронајден пиштол. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Можно е да станува збор и за самоубиство
Иако медиумите објавија дека станува збор за убиство, сепак, како што дознава ,,Фокус”, се истражуваат сите околности, односно се работи и на исклучување или потврдување на околноста дека можеби станува збор и за самоубиство.
Be the first to write a comment.