Областа околу местото Чазма во Хрватска денеска било опустошена од силно невреме, по што илјадници домаќинства останаа без електрична енергија, е предизвикана е и голема материјална штета.
Потпретседателот на хрватската влада, Томо Медвед, министерот за просторно планирање Иван Паладина и министерката за земјоделство Марија Вучковиќ ќе ја посетат Чазма, откако областа денеска беше опустошена од силно невреме.
Како што потврдиле од Владата, во Чазма ќе го посетат подрачјето кое настрадало во силното невреме.
– Во невиденото невреме едно девојче настрада додека се враќало од училиште. Имено, врз неа паднало дрво и и го скршило горниот дел од ногата. Таа итно била пренесена во Загреб и веќе е оперирана, пишува МојПортал.
„Се уште е рано да се зборува за какви било проценки на штетите, но секако се работи за суми од повеќе милиони долари. Штетата е многу сериозна. Голем број станбени згради останаа целосно без покриви, така што не само без ќерамиди, туку и без целата дограма. Во целиот град нема куќа што не е оштетена“, нагласи градоначалникот на Чазма, Динко Пирак, додавајќи дека освен куќи, оштетени се и бројни деловни објекти.
Силниот ветер однел покриви, корнел дрвја и превртел камиони, а според првичните информации, причинета е голема материјална штета на покривите на семејните куќи и деловните објекти, возила и на основното училиште. Делови од градот останале без струја поради паднати далноводи.
Тој додава дека е паднат 35-киловатен далноводот, а екипи се на терен.
„Очекуваме дека во некои делови струјата може да дојде уште денеска, а се надевам дека најголемиот дел ќе дојде утре. Поради сето ова ние сме во опасност да снема и вода“, истакна Пирак.
Силниот ветер, како што пренесуваат хрватските медиуми, носел покриви од куќи, корнел дрвја, има превртени камиони, а според првичните информации, причинета е голема материјална штета и на деловни објекти, возила и на основното училиште во Чазма.
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
Be the first to write a comment.