Момче (9 години) починало во нишкиот Универзитетски клинички центар (УКЦ) откако со повреда на главата било пренесено во таа установа од местото Сурдулица во јужна Србија.
Според неофицијални информации, момчето паднало и си ја повредило главата на големиот одмор во Основното училиште „Вук Караџиќ“ во Сурдулица при натпревар на фудбалски терен.
Во свесна состојба детето било пренесено во болницата во Сурдулица, а потоа во Универзитетски клинички центар во Ниш, каде околу 13.30 часот починало. Ова е втора голема трагедија денеска во Србија.
Претходно, тригодишното девојче И.Х. настрада денеска околу 12.35 часот кога на улицата Корнатска во Карабурма налетало комбе и ја прегазило.
Be the first to write a comment.