Едно лице од босанскиот град Грачаница во близина на Тузла починало од струен удар. Несреќата се случила вчера попладне, откако 45-годишен маж користел апарат за заварување, јавуваат босанските медиуми.
– Вчера околу 17 часот и 45 минути во полициската станица Грачаница е пријавено дека во дворот е пронајдено безживотното тело на М.А., роден 1977 година, потврди Амра Капиџиќ, портпарол на Полициската управа при МВР.
Капиџиќ рече дека смртта била констатирана од лекар. Најверојатно дошло до струен удар поради употреба на апарат за заварување.
На сличен начин загина познатиот македонски актер
На 25-ти август 2018-та година, јавноста остана шокирана откако се појави веста дека во селото Орешани во близина на скопската населба Драчево, од струен удар загинал актерот Ванчо Петрушевски.
Актерот загинал додека заварувал качен на метална скала со електричен заварувач. Го удрило струен удар и тој починал на лице место.
Be the first to write a comment.