Две лица се повредени во пукање кое се случило попладнево во скопската населба Сингелиќ.
Според првичните неофицијални информации до кои дојдовме, пукањето се случило околу 18 часот во близина на црквата „Св. Ѓоргија” на улицата „Алија Авдовиќ”.
Неофицијално, причина за инцидентот била сообраќајна несреќа, по која настанала кавга и лице со иницијали Б.Ј. извадил пиштол и пукал.
При инцидентот повредени се две лица, од кои едното е од селото Мојанци.
Пукачот се дал во бегство откако се качил во автомобил „голф 6“ со црна боја и избегал од местото на инцидентот.
Be the first to write a comment.