Водителката рекла дека била подложена на серија тестови во болницата за да се утврди причината за нејзината состојба.
Водителката на вестите од Оклахома, Џули Чин, открила дека доживеала мозочен удар во програма во живо, откако почнала да „се сопнува“ од сопствените зборови.
Водителката, која работи за филијалата на NBC, KJRH во Тулса, итно била пренесена во болница во саботата откако забележала дека се мачи да го чита телепромптерот пред неа, пишува New York Post.
– Изминатите неколку дена се уште се малку мистерија, но моите лекари веруваат дека во саботата наутро во живо имав почетоци на мозочен удар.
– Некои од вас беа сведоци на тоа од прва рака, и многу ми е жал што тоа се случи, рекла Чин во објава на Фејсбук доцна во неделата.
– Сè се случи одеднаш, ништо не навестуваше таков исход. Се чувствував одлично пред шоуто – продолжила таа.
– Сепак, за неколку минути за време на емитувањето работите почнаа да се менуваат. Прво, изгубив делумен вид на едното око. По некое време, шаката и раката ми се вкочанија. Кога мојата уста не ги кажуваше зборовите што беа пред мене на телепромптерот, знаев дека сум во голема неволја.
Чин известувала за откажано лансирање на НАСА кога станала видно збунета и почнала да ги повторува своите зборови.
Откако се мачела неколку секунди, Чин на крајот им се извинила на гледачите, велејќи:
– Жал ми е, нешто се случува со мене утрово.
Be the first to write a comment.