На третиот ден од поплавата која погоди делови од Бугарија, почна битката со штетите – илјадници тони кал, тиња и уништени домови е сликата од местото Каравелово, кое беше најтешко погодено.

Фотографиите и снимките ја покажуваат целата сила на буицата, која направи штета што се мери во милиони евра.

Во земјата е прогласена вонредна состојба поради поплавите. Покрај во Каравелово, најтешка е состојбата во селото Богдан, каде што е изграден привремен мост за да може да се доставува вода и храна до отсечените места.

На тие места синоќа со чамци и разни планинарски техники биле спасени 36 луѓе. Претседателот Румен Радев го посети подрачјето погодено од поплавите.

„Најважно е да се погрижиме да нема луѓе кои се во опасност“, посочил Радев.

🎥

🎥

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸