Маж влегол во зграда на улицата „Адмирал Гепрат“ во центарот на Белград, извадил нож и со него почнал да боде луѓе, пренесуваат српските медиуми.
Полицијата брзо реагирала и го совладала напаѓачот. Мотивите за нападот засега се непознати. Нападот се случил спроти црквата Вознесение, набрзо пристигнала брза помош, а повредените биле згрижени.
Инаку, нападот се случи во зградата од која беше извршен нападот на поранешниот премиер Зоран Ѓинѓиќ. Како што дознаваат српските медиуми на лице место, напаѓачот живее во таа зграда и наводно има психијатриски проблеми.
– Во зградата има фирма која денеска имала состанок. Очевидци велат дека меѓу пронајдените има и еден странски државјанин. Истрагата е во тек, објавија медиумите.
📸
📸
Be the first to write a comment.