Несреќа се случила рано утринава во селото Меѓа кај Лесковац. Во сообраќајната несреќа едно лице го загуби животот, а неколкумина се повредени, јавува Блиц.рс.
– Петмина се примени во Ургентниот центар. Еден од повредените И.М. (1979) имал повреда на главата, бил зашиен и бил примен на Хирургија, а останатите биле со полесни повреди и по дијагнозата биле отпуштени дома – изјави за јуГмедиа директорот на Општата болница во Лесковац Небојша Димитријевиќ.
– Со полесни повреди се здобиле П.П. (1999), Ц.С. (1994), С.А. (1996) и Н.М. (1994). Како што неофицијално дознаваме, на повредите им подлегнал Д.Д. (1998) од соседното село Драшковац, објавуваат медиумите.
Несреќата се случила ноќеска околу три часот на блага кривина во близина на училиштето во Меѓа, на петнаесетина километри од Лесковац.
– Млад човек го загуби животот, а во несреќата учествувале неколку возила. Несреќата ни е пријавена во 3 часот по полноќ. Полицијата се уште е на лице место и утврдува – потврдија за Југмедиа од полицијата во Лесковац.
Очевидци велат дека зад воланот на автомобил „алфа ромео“ загинал млад човек, а тешко е повреден маж кој излегол од куќата за да помогне да го спаси сопатникот во „алфата“.
На лице место сликата е страшна. Очевидци велат дека младиот човек возел од Доњи Бријањ кон Шарлинац, кога изгубил контрола над возилото на 100 метри од училиштето.
– Премина на левата страна, удри во бетонската ограда, се одби и повторно премина десно. Аудиото што одеше зад него налета на неговиот автомобил и го турна понатаму, но во таа прилика го покоси и човекот кој истрча од куќата за да помогне во спасувањето – вели соговорникот на Југмедиа.
Во извлекувањето на повредените учествувала екипа на Итна помош од Лесковац, како и жители на Меѓа. Полицијата се уште е на терен. Патот е затворен за сообраќај.
Be the first to write a comment.