Двајца мажи исчезнаа вчера попладне во познатото бугарско летувалиште Созопол во близина на Бургас.
Како што јавуваат бугарските медиуми, сопругата на еден од исчезнатите го пријавила исчезнувањето на двете лица во морето кај Созопол.
Според кажувањето на жената која ја поднела пријавата, мажите влегле во морето во близина на кампот „Смокиња“ околу 15.00 часот. По околу два часа ги побарала, но на песокот ги нашла само нивните пешкири.
Се уште не е јасно дали мажите исчезнале во водата или се исчезнати на брегот.
Be the first to write a comment.