Поранешната учесничка во реалното шоу „Задруга“ Александра Николиќ хируршки го извади биополимерот од усните, што го направи и нејзината ривалка Далила Драгојевиќ пред да влезе во „Задруга“.
Сите детали од постапката ги открила на својот Јутјуб, каде на своите следбеници им покажала како изгледа по процедурата.
– Ова сум јас по операцијата. Имам болки, но тоа е нормално првиот ден. Пијам лекови, иако тешко можам воопшто да пијам вода. Не можам да јадам ништо, но не ни сакам храна. Сè уште е свежо, не е уште наместено како што треба. Горната усна ќе се крене, долната ќе се спушти, а отокот ќе исчезне – објасни Александра зборувајќи едвај разбирливо поради конците на усните.
– Никогаш повеќе нема да згрешам да одам кај непроверен хирург. Устата ми пречеше затоа што изгледаше грдо. Човекот треба да биде таков каков што е природно, а не да се корегира поради трендот се да биде што поголемо, а понекогаш помалку е всушност поубаво. Никој не ме убедуваше да се оперирам, таа одлука ја донесов сама – додала Николиќ.
– За седум дена ги вадам конците. Лекарите ми забранија да се смеам и смеам да пијам преку цевка. Бев многу исплашена кога отидов на операција. Буквално се тресев. Сепак, докторот ми даде доверба и не почувствував ништо освен давање анестезија. Сега ги чекаме конечните резултати, но се надевам дека ништо нема да се искомплицира.
– Ми доаѓа да ги тужам луѓето кои ми ставија биополимер. Ми ја уништија устата. На моите усни почнаа да се создаваат дупки и испакнатини. Никој не ме предупреди за последиците. Видоа дека сум дете и сакаа само да ми ги земат парите. Никогаш повеќе нема да правам ништо, освен што докторот треба да ми ги среди рабовите на усните кога ќе ми ги вадат конците, но само со хијалуронска киселина, тоа е тоа – додаде поранешната членка на „Задруга“.
– Да го имав овој ум порано, никогаш немаше да се изобличам вака. Имав убави усни, но тоа никогаш не е доволно за човек. Се плашам да заспијам за случајно да не ги оштетам конците. За среќа, мајка ми дојде со мене на операција, бидејќи не знам како сама би го издржала сето тоа. Девојки, учете од мојот пример и не правете ништо со непроверени луѓе!
Be the first to write a comment.