Синоќа околу 19 часот на Булевар Туристичка во Охрид, физички бил нападнат помошникот министер за транспорт и врски, капетан на пристаништа на Македонија Горан Устијаноски, објави порталот Охридскај.
Како што дознава порталот Устијаноски најнапред добил телефонски повик и кога слегол пред зградата од неговиот дом добил неколку удари.
Според извори на Охридскај во нападот на капетан Устијаноски учествувале две лица, при што тој се здобил со тешки телесни повреди во пределот на лицето и со возило на охридска Брза помош бил префрлен на клиниката КАРИЛ во Скопје.
Настанот во СВР Охрид бил пријавен од лекар Брзата помош, додека како што дознава порталот Устијаноски се уште немал дадено изјава пред полициски службеници иако било од негова страна најавено дека изјава ќе дадел во СВР Охрид.
Како што брифира извор на Охридскај од охридската полиција, Устијаноски не кажувал кој го нападнал и дека лицата не ги познава.
Be the first to write a comment.