Клиниката Жан Митрев целосно ќе го покрие лекувањето на малиот Вили од Штип.
Лекувањето на 14 годишниот Вили Илјов од Штип ќе биде целосно покриено од Клиниката Жан Митрев. Со оглед на состојбата на семејството и апелите на помош на социјалните медиуми, Клиниката одлучи целосно да го покрие лекувањето и да помогне на малиот Вили.
14 годишниот штипјанец е донесен во многу тешка состојба, во кома со инфекции и декубити, откако повеќе од месец дена бил лечен во друга здравствена установа каде се обидувале да санираат тешки повреди на главата здобиени по страшна сообраќајна несреќа.
Be the first to write a comment.