Иден орален хирург: Како стручно лице морам да ви разјаснам неколлу работи. Неговиот фејсбук статус во продолжение.
Пред некој ден сите не затекна веста за прерано згаснатиот живот на момчето од Берово поради компликација од инфекција од забно потекло т.н. одонтогена инфекција.
Нека почива во мир!
Многу одамна немам пишувано статуси, меѓутоа поради бројните бecмислени факти и непотребните напади кон целата фела кои ги прочитав низ медиумите и социјалните мрежи, како стручно лице и иден оpaлен хирург чувствувам одговорност да ви разјаснам некои работи, за да не бидете во заблуда околу начинот на кој настануваат ваквите кoмпликации.
Одонтогените инфекции почнуваат со инфекција на забната пулпа(нерв, живец) или потпорниот апарат на зaбот. Во оваа фаза со лекување на забот може да се задржи и да се превенира продор на инфекцијата во околните ткива. Доколку оваа состојба не се третира, следува продор на инфекцијата во коската околу забот. Во оваа ситуација исто преку соодветна дренажа преку забот или пародонталниот џеб, истотака може да се превенира продор на инфeкција и да се спаси забот.
Доколку не се третира оваа состојба, коската сè повеќе се разложува и инфекцијата може да се прошири надвор од коската во мекоткивните простори околу забот, што се манифестира со оток во меките ткива околу забот. Во овој момент со инцизија(мал рез на местото на најголем оток), дренажа(поставување на гумена лентичка во инфицираниот предел, за непречено да истекува содржина во наредниот ден-два, плус дренажа низ заб) и ординирање на антибиотска терапија, се очекува инфекцијата да се повлече. После повлекување на инфекцијата забот најчесто се вади. Доколку оваа состојба не се третира инфекцијата се шири во соседните подлабоки мекоткивни простори,под дејство на гравитацијата од долна вилица најчесто према вратот и градниот кош и веќе имаме потенцијално животозагрозувачка состојба, поради близината на многу витални структури и органи и компромитирање на дишните патишта. Овие длабоки инфекции почесто се случуваат кај пациенти со нарушен имунитет, пример прекумерната тежина може да биде причина за имунокомпромитација. Кај пациенти со здрав имунитет често организмот сам може да ја ограничи инфекцијата уште во фазата кога се наоѓа во коската. Во овие фази инфекцијата може да се манифестира како апсцес или флегмона. Апсцесот е ограничен и исполнет со гнојна содржина и го прави полесен за дренажа, додека флегмоната се шири дифузно низ сврзното ткиво и ја прави дренажата е многу потешка. Кај флегмоната отокот е тврд како даска.
На сликата од статусот е прикажана инфекција во вратна регија.
Бесмислица бр.1 Дечкото починал од обична интервенција на заб.
Оваа интервенција воопшто не била обична и рутинска! Според извештајот кој беше прикажан во медиумите, момчето било примено во болница со дијагноза флегмона во вратна регија, која е веќе потенцијално животозагрозувачка состојба и не настанала туку така за еден ден. Впрочем и затоа бил задржан првиот пат во болницата. Инфекциите во рана фаза се третираат рутински и лесно. За обични и рутински интервенции пациенти не се хоспитализираат!
Бесмислица бр.2 Докторот го ставил дренот наопаку
Дренот без разлика на материјалот од кој е изработен, претставува лента или некогаш цевче кое има два исти краја и не може да се постави наопаку. Неговата цел е да го држи отворен отворот направен со претходната инцизија и ќе овозможи истекување на содржината од отокот и навлегување на кислород од надворешната средина со што ќе настане промена на типот на бактериската флора кон аеробна, со што би се олеснил текот на инфекцијата.
Бесмислица бр.3 Со поставувањето на дренот наопаку докторот предизвикал сепса или коментари дека инструментите не биле чисти.
Мислам дека доколку го прочитавте текстот до овде веќе сфативте дека се работело за веќе присутна сериозна инфекција во опасна регија и мислам дека нема потреба да ви објаснувам повеќе.
Не го пишувам ова за да одбранам или напаѓам некого, но посебно медиумите мора да бидат посебно внимателни во објавувањето на информации, бидејќи со такви бесмислени тврдења обвинувате од старт некој кој можеби и не е виновен. Во одредени студии постојат различни бројки и стапката на смртност од вакви компликации движеше од 0.2 до 8%. Најчеста појава на смрт е забележана кај пациенти со нарушен имунитет и дополнителни коморбидитети. Со вакви бесмислени информации, воопшто не помагате, туку предизвикувате дополнителен страв од стоматолог кај луѓето, што може да доведе до повеќе вакви тешки инфекции и компликации.
Не сакам да навлегувам во темата за квалитетот нашето здравство, која е доста опширна. Меѓутоа не може поради револт од претходно, да се пласираат лажни информации, кои обичните луѓе ги доведуваат до заблуда и создаваат дополнителна недоверба према лекарите.
Апелирам до сите пациенти, редовно одете на контроли и не ги третирајте инфекциите на своја рака во домашни услови!
Во овој текст многу на кратко ви објаснувам за одонтогените инфекции и не го сфаќајте како прирачник, бидејќи секој пациент е приказна сама по себе. Доколку некој има потреба дополнително да му се објасни слободно може да ме контактира и праша.
Поздрав, пишува Ѓорги Ивановски.
Be the first to write a comment.