Возачот кој утрово со возило излета од патот Гостивар-Кичево кај Новоселски пат им подлегнал на тешките повреди, со кои се здоби во несреќата.
Тој најпрво беше пренесен во гостиварската болница, потоа префрлен на скопските клиники, кадешто починал.
Како што претходно беше соопштено утрово околу 8 часот и 30 минути во СВР Тетово било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, патничко моторно возило „митсубиши“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 75-годишниот М.А. од гостиварски Равен излетало од коловозот.
Be the first to write a comment.