Вистински хаос се случил на авионски лет од Кипар кон Велика Британија, кога гола жена трчала кон пилотската кабина извикувајќи „Алаху Акбар“, пренесува Дејли Мејл.
Татко на три деца е тој што успеал да ја задржи жената која останала во долна облека во авион за Манчестер и двапати се обидела да упадне во пилотската кабина извикувајќи „Алаху Акбар“.
Филип О’Брајан (35) бил патник на летот Jet2 од Ларнака (Кипар) за Манчестер во вторникот на 9 август, кога една жена, на возраст од околу 30 години, предизвикала паника веднаш по полетувањето.
Според Дејли Мејл, жената имплицирала дека имала експлозив со себе и прашувала „дали сте подготвени да умрете“. Таа, исто така, на преплашените патници и персонал им кажала дека нејзините родители се членови на терористичката организација ИСИС.
О’Брајан бил во авионот со уште шест членови на семејството, вклучувајќи ја неговата сопруга и трите деца на возраст од осум до 14 години.
35-годишникот, за Мирор раскажал за инцидентот: „Кога жената се упати назад кон пилотската кабина, ја презедов контролата, ја приковав на земја и во тој момент пилотот направи итно слетување во Париз“.
О’Брајан ја прашал жената зошто кажува такви работи, а таа одговорила: „Да не го направев, ќе имаше експлозија и сите ќе умреа“.
Во извештајот се вели дека летот се упатил кон парискиот аеродром Шарл де Гол рано наутро во вторникот за да го симнат „вознемирувачкиот патник“.
Фотографиите објавени на социјалните мрежи покажаа сцена на хаос во која се појавија најмалку двајца француски полицајци и уапсија или задржаа жена, која носеше црна капа и црвена блуза, додека авиокомпанијата Jet2 сè уште не се огласи за инцидентот.
V
Hero British father-of-three, 35, restrains woman claiming to have explosives after she stripped to her underwear and tried to storm plane cockpit shouting 'Allahu Akbar' on Jet2 flight from Cyprus to Manchester
======https://t.co/APpizpcSfh pic.twitter.com/L3J0lQf9sI— Επικαιρότητα – V – News (@triantafyllidi2) August 14, 2022
Be the first to write a comment.