Нови цени на лебот, уште повисоки, има од вчера во продавниците, пишува „Слободен печат“.
Едно мало лебче од 250 грама на „Жито Лукс“ чија цена беше 25 денари, сега е 28 денари. До неодмна, големиот леб од 450 грама, „Жито Лукс“ го продаваше по оваа цена – 28 денари.
Производителите на леб и печива велат дека трошоците, особено за струјата или гасот, им се огромни. Со оглед на високите цени на енергенсите што се најавуваат за зимава, тие велат дека лебот може да биде и уште поскап. Од друга страна, се` уште има неизвесност и за идните берзанските цени на пченицата од новата реколта.
Во продавниците веќе нема „нормална“ големина на пченичен леб под 50 денари. Купувачите нервозно бираат леб кој ќе им одговара на цената.
Be the first to write a comment.