Царинските службеници во соработка со полицијата спречија двајца патници да шверцуваат злато на преминот Прешево на македонско- српската граница.

Прекршокот бил откриен вчера кога на влезот на овој премин за детален преглед бил издвоен автомобил марка „фолксваген пасат“ со швајцарски регистарски ознаки, кој го користел млад брачен пар кој патувал од правец на Македонија кон Швајцарија.

Иако рекле дека немаат што да пријават, царинскиот службеник при преглед на автомобилот, пред совозачкото седиште пронашол торба во која меѓу другото имало и неотворено пакување пелени.

Неговата необична тежина предизвикала сомнеж дека нешто се крие во него, што набрзо се покажало дека е вистина, бидејќи во неколку пелени биле пронајдени речиси половина килограм златни ѓердани и алки со дукати „Франц Џозеф“, како и синџири и прстени.

Вредноста на накитот се проценува на повеќе од 1,1 милион дeнари, односно околу 19.000 евра.

Бидејќи вредноста на откриениот накит надминува една третина од вредноста на возилото, со судска одлука, покрај златото, трајно е одземено возилото проценето на над половина милион денари.

📸

📸

📸

📸