Трагедија утрово ја потресе босанската спортска јавност и цела Босна и Херцеговин, јавува порталот „Аваз“. Имено, младиот голман на ХНК Младост Домаљевац, Мато Матиќ (20 години) почина ден откако бранеше на фудбалски натпревар.
Неговата прерана смрт ја објави неговиот клуб на својата Фејсбук страница.
– Денешниот ден ќе остане запаметен по загубата на една млада душа, член на нашиот клуб, член на нашиот тим и личност која уште од мала го красеше нашиот терен и нашиот гол со своите копачки. Утрото осамна црно над нашето село. Искрено сочувство до неговото семејство, пријателите и сите кои го познаваа. Животот на овој млад не требаше да заврши вака. Во последната година Мато се посвети на некои повисоки цели, академијата и полициската униформа, а дополнително продолжи да придонесува и на зелениот тревник.
Ти благодариме Мато, за секој тренинг, за секој натпревар што го играше и за секоја минута помината со нас. Поддржувај не сега од некое друго поубаво место, биди мирен и спокоен, а ние некако ќе продолжиме понатаму, во твоја чест.
Нека ти биде лесна црната земја, а твоето заминување е знак дека ништо во животот нема и нема да има смисла, дека ништо материјално не е вредно и дека никогаш не знаеш како може да заврши еден ден.
Тешко ќе се справиме со фактот дека те нема, но ќе останете со многу спомени, многу смеа и убави времиња. Почивај во мир ангелу наш – порачаа од клубот.
Be the first to write a comment.