Во Дунав кај Сремски Карловац е пронајдено безживотното тело на Ксенија Лукиќ (30) од Сремска Митровица, која исчезна пред пет месеци.
Потсетуваме, девојката исчезна во ноќта меѓу саботата и неделата на 26 февруари, а се сомневаше дека скокнала од Варадинскиот мост во Нови Сад по расправија со своето момче.
На 26 февруари момчето на Ксенија, Александар С.(42) пријавил кај надлежните дека вечерта ја поминал со Ксенија на Петроварадинската тврдина и дека таа по расправија прво побегнала од него, а потоа скокнала од мостот.
Веднаш по пристигнувањето на полицијата и итната помош, тој во тешка психичка состојба бил префрлен во Клиничкиот центар Војводина на психијатрија, од каде по повеќечасовен преглед и укажана помош бил отпуштен.
Во првите неколку часа тој не можеше да разговара со семејството на Ксенија и не одговараше на нивните повици, поради што се посомневаа дека некако тој е виновен за тој настан.
Меѓутоа, кога се вразумил, Александар стапил во контакт со семејството на својата девојка и им ја кажал својата верзија на целата приказна, која оставила длабока лузна на неговата психа, но и на психичката состојба на семејството на Ксенија.
Инаку, Ксенија до исчезнувањето живеела во Нови Сад со цимери, а била вработена како продавачка на чевли во бутик, додека Александар живее во Лондон.
Нивната врска беше идилична без разлика што се гледаа од време на време кога Александар доаѓаше во Србија.
Be the first to write a comment.