Андрија Станишиќ (19) од околината на Алексинац се удави во неделата на Ада Циганлија откако скокна од педалинка. Младиот човек кој престојувал кај роднини во Белград за да работи во главниот град бил во друштво со своите пријатели, но никој, па ни тие не можеле да му помогнат по кобниот скок.

Телото на несреќниот млад човек е извлечено од езерото по повеќечасовна потрага.

– Смртта на Андрија се уште е мистерија. Како е можно едно момче да скокне во вода со полна сила и никогаш да не исплива?! Кристина Миладиновиќ, инструкторка во Здружението на спасувачи, смета дека постојат три можни сценарија за оваа трагедија, пишуваат српските медиуми.

1. Срцев застој/удар – шок за организмот

– Може да се случи телото на настрааниот млад човек да доживеало шок, ако се земе предвид дека температурата на човечкото тело е 36 степени, завчера беше околу 40 надвор, а температурата на водата е за 10-15 степени пониска во однос на двете. Во тој случај може да дојде до срцев удар, особено ако младиот човек имал здравствен проблем – објаснува Кристина Миладиновиќ.

2. Удирање во предмет во водата

– Доколку скокнал од педалинката во водата, многу лесно може Андрија да удрил во карпа или потонат предмет и го загубил животот поради тоа. Кога станува збор за која било отворена вода, секогаш апелираме дека не можеме да знаеме што се крие под површината на водата. Затоа, треба да бидете многу внимателни кога скокате во вода – вели Миладиновиќ.

3. Барал помош, но никој не го видел

Родителите на Андрија по трагедијата изјавија дека не биле сигурни колку добар пливач е нивниот син. Сепак, Катарина Миладиновиќ од Здружението за спасувачи вели дека колку и да е лош пливач, ќе мора да излезе на површина.

– По инерција, момчето би испливало на површина, ќе се обиде да плива со движењата на телото, тоа е рефлексна борба за живот. Кога би дошло до замор и не би можел да се бори понатаму, почнува да тоне. Меѓутоа, не знаеме дали Андрија се обидел да повика некого за помош, можеби не го виделе неговите пријатели и луѓето на брегот – вели Милаиновиќ.

Здружението на спасувачи на вода апелира до капачите доколку се на чамец задолжително да носат елек за спасување на надувување.

Исто така, без разлика дали се работи за влегување во вода од пловен објект или од плажа, задолжително е постепено ладење и подготовка на телото.

– Ги предупредуваме сите капачи да ги почитуваат правилата, како и превентивните мерки кои ќе ја намалат можноста за несреќи на базените – заклучи Катарина Миладиновиќ.

За потсетување, пријателите на младиот човек ги алармирале спасувачите околу 17:00 часот, откако Андрија не излегол на површина. Спасувачите веднаш тргнале да го пребаруваат езерото, а им се придружиле и луѓето од брегот, како и познатиот српски ватерполист Филип Филиповиќ, кој случајно се нашол на Ада.

За жал, не можеле да го најдат додека не пристигнале нуркачите и не почнале да го пребаруваат езерото.

Безживотното тело на младиот човек е пронајдено по тричасовна потрага, околу 20 часот.