Фудбалерот на Партизан во кадетска возраст Андрија Макаји (16) доживеал мозочен удар. Тој пред два дена пристигнал со соиграчите на подготовки во Златибор, јавуваат попладнево српските емдиуми.
– Младиот фудбалер се пожалил на главоболка и трнење во левата нога и рака, по што веднаш бил префрлен во болницата Тиршова во Белград, Моментално е на детални прегледи, а лекарите се сомневаат дека младиот фудбалер доживеал мозочен удар!, објавија медиумите.
Големо прашање е дали младиот фудбалер ќе може да продолжи да се занимава со професионален спорт.
– Целата страна почна да му трне и за среќа веднаш беше испратен во Белград. До моментот кога стигнал во Белград, ситуацијата се влошила, но за среќа сè заврши добро и лекарите имаа време да реагираат на време, што е клучно во случај на мозочни удари за спасување животи и отстранување на сериозни последици во иднина, објави Телеграф.рс.
Прогнозите за понатамошно играње фудбал не се баш најдобри по мозочниот удар и ова може да биде крај на кариерата на младиот репрезентативец кој настапуваше и за српската репрезентација до 16 години.
Be the first to write a comment.