За само неколку дена во Албанија се случија две големи мафијашки пресметки во кои животот го загубија четири лица, познати во јавноста како криминалци со дебели полициски досиеја, пренесува вечерва порталот 360 степени.
Вечерва во градот Милот, на излегување од дома, влегувајќи во своето возило со македонски регистарски таблички беше застрелан Клисман Преци а неговиот пријател Јили Брахими е во критична состојба. Врз нив бил испукан баражен оган од автоматски пушки, најверојатно калашникови. Клисман Преци пред неколку месеци успеа да преживее во заседа на автопатот Лезе-Тирана.
Вечерашниот напад врз Преци и Брахими се поврзува со тројното убиство што се случи во понеделникот, кога со десетици куршуми беа застрелани а потоа и запалени во возилото кое го користеле тројката криминалци, Брилиант Мартинај, Диклан Вата и Бесмир Хоџа.
За бруталноста сведочи фактот дека едно од лицата било живо, но убијците се вратиле и го докрајчиле, а потоа го запалиле возилото.
Познатиот албански крими-аналитичар Артан Хоџа по овој масакр посочи дека се работи за добро организирана група, која според неговите истражувања, стои зад повеќе убиства во минатото и не зема учество во операција без да добие стотина илјади евра.
„Тие никогаш не грешат, но ме чуди тоа што го запалиле возилото. Тоа е порака, живи ќе горите“, вели Хоџа за abcnews.al.
Be the first to write a comment.