Еден починат и пет лица со тешки повреди е билансот од сообраќајната несреќа на магистралниот пат Штип-Кочани меѓу селата Долни балван и Крупиште. Од СВР-Штип потврдуваат дека несреќата се случила во 14.50 меѓу два автомобили со штипски регистерски таблички.
Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев вели дека е побарано да интервенираат на оваа сообраќајна несреќа.
– По дојава од страна на СВР-Штип беше побарано и интервениравме со едно возило и пет пожарникари. Страотна сообраќајка, во која во едното возило имаше четири тешко повредени лица, а во другото возило едно починато лице. Од страна на Противпожарната единица беше извршена акција на едно од возилата и извлековме четири повредени лица, вели Коцев.
Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска вели дека во болницата се хоспитализирани вкупно пет лица, со тешки повреди, кои се прегледани на ортопед, а во моментов им се прават дополнителни прегледи и снимање, за што подетално ќе се знае нивната здравствена состојба.
Според првичните информации, повредените патници се работници, кои се враќале од работа.
Be the first to write a comment.