Четиринаесет годишно дете загина, додека други три на возраст од 21, 18 и 15 години се тешко повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне во местото Репушница во централна Хрватска, јавуваат хрватските медиуми.
– При излегување од кривината, поради несоодветна брзина, возилото слетало на земјена површина, удрило во метална ограда и се превртело на покривот, велат од полицијата.
При превртувањето, 14-годишно момче испаднало од возилото и починало на лице место. Учесниците во оваа сообраќајна незгода се пренесени во Општата болница Сисак, каде им се констатирани тешки телесни повреди опасни по живот.
– На местото на инцидентот беше спроведена истрага, предводена од заменик жупанискиот правобранител при окружното правобранителство Сисак, а во соработка со надлежното правобранителство продолжуваат работите за утврдување на сите околности на оваа сообраќајна несреќа, известуваат од хрватската полиција, пренесуваат тамошните медиуми.
Be the first to write a comment.