Според последните информации, екипажот на товарниот авион кој се сруши во Грција вечерва се состоел од 8 лица и превезувал 12 тони опасен товар. Противпожарната служба им препорача на жителите во околината да носат маски поради испарувањата.
Според изјавите на претставникот на локалната Цивилна заштита за ЕРТ, товарот е „специјален“ и има информации дека носел муниција. На местото на настанот ќе излезе специјална екипа од пиротехничари кои ќе го испитаат товарот, а противпожарната служба ќе ги евакуира жителите.
Според првите информации, пилотот побарал дозвола итно да слета на аеродромот во Кавала, но не успеал. Според дел од медиумите, станува збор за товарен авион, кој летал од Белград кон блискоисточната земја Јордан.
Be the first to write a comment.