Едно лице загина во сообраќајна несреќа во местото Улог кај босанскиот град Калиновик, откако под се уште неразјаснети околности со својот автомобил излетал од карпа висока околу 50 метри.

-Несреќата се случила на градилиштето на хидроцентралата на Неретва, а починатиот бил менаџер во фирма што изведува работи. Станува збор за белграѓанецот Никола М., беше кажано за порталот „Аваз“.

Во извлекувањето на телото на жртвата учествувале членови на спасувачката служба „Волк“ од Фоча и на планинската спасувачка служба од Бијелина.

📸