Сликата од шпанскиот ас Серхио Бускетс како се релаксира на одмор беше доволна за да започнат серија коментари за неговиот стилски избор
Фудбалерите често се критикувани поради нивниот стилски избор. Главно Латиноамериканците се во центарот на критиките за многу скапата облека што ја носат, но овој пат на мета се најде Шпанецот Серхио Бускетс.
Тој има речиси 700 настапи за Барселона во 13-те години поминати во ресот на Браса. Но, што направи сега што предизвика бура од коментари?
Фудбалерот на Ливерпул и соиграч на Бускетс од Шпанија, Тиаго Алкантара објави слика од нив двајца со Жорди Алба и нивните сопруги како уживаат во последните неколку дена од одморот.
Сите погледи паднаа во чевлите што ги носеше Бускетс. Бели отворени сандали кои повеќе личат на женски чевли и дефинитивно не одговараат на остатокот од стилот на фудбалерот.
– Ја гледате фотографијата и не ги забележувате убувките на Бускетс. Обрнувате внимание на обувките на Бускетс и го заборавате остатокот од сликата, наишаа шпанските медиуми.
Меѓу многуте коментари имаше и повици Тиаго да му каже на својот пријател да ѝ ги врати сандалите на сопругата.
Еден корисник на Твитер се запраша: „Зошто Бускетс ги носи чевлите на својата баба?“ Друг се прашуваше: „Дали ја изгуби чантата за чевли во авионот или јас сум многу заостанат од модата?“, додека трет коментираше дека едноставно ги земал од тетка му.
Be the first to write a comment.