До Собранието е доставена предлог преговарачката рамка, материјалот ќе биде доставен до пратениците, а седница за оваа точка не е закажана за вечерва, информираат од собраниската прес-служба.
– Ве информираме дека од Владата до Собранието е доставена „Информација за содржината на предлог-преговарачката рамка за пристапните прговори на Република Северна Македонија со ЕУ, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на ЕУ на 30 јуни 2022 година – стои во соопштението.
Согласно со процедурите, посочува собраниската прес-служба, материјалот ќе се достави до пратениците и за натамошно постапување соодветно и наврeмено ќе биде објавена информација.
Имајќи ги предвид шпекулациите, потенцираат дека за вечерва не е планирана седница.
– Во моментот кога претседателот на Собранието Талат Џафери ќе ја свика седницата, навремено ќе бидете информиани – велат од собраниската прес-служба.
Владата претходно соопшти дека на денешната 59-та седница, ја разгледала информацијата од Министерството за надворешни работи, за предлог-преговарачката рамка за Македонија со ЕУ, претставена од Француското претседателство со Европската Унија, како и дека одлучила да ја проследи до Собранието на разгледување и донесување понатамошни заклучоци, согласно собраниските процедур.
И за вечерва, како и во претходните пет дена, се закажани протести пред Владата за отфрлање на предлог преговарачката рамка.
Be the first to write a comment.