Вицепремиерот за политички систем Артан Груби најави дека уште денеска е можно владата да да ги проследи до Собранието францускиот предлог, заедно со билатералниот протокол со Бугарија и другите придружни документи.
Груби потврди дека владата нема да одлучува за францускиот предлог, туку, како што објави „Слободен печат“, само ќе ги проследи до Собранието. Собранието ќе одлучува за францускиот предлог и ќе ја задолжи владата за следните активности во одонос на целиот пакет.
Тој повтори дека во францускиот предлог не е содржан билатералниот протокол со Бугарија и дека преговарачката рамка не задира во македонскиот идентитет и јазичната, културната и историската посебност на Македонците.
Груби рече дека ниту Ковачевски ниту било кој друг министер од Владата не би поддржал и не би гласал за преговарачка рамка која би значела асимилација и бугаризација на Македонците.
Владата за денеска во 11 часот има закажано затворена седница.
Be the first to write a comment.