Нова трагедија ја потресе регионалната музичка сцена. Почина Дамир Пашиќ-Деди, поранешниот член на групата Seven Up.
Тажната вест на „Фејсбук“ ја сподели неговиот колега од бендот, Елвир Хаџијамаковиќ-Лило.
„Деди, брату наш, поминавме многу заедно, и добри и лоши моменти.. Бев сигурен дека ќе ја добиеме оваа битка, но, за жал тоа не се случи. Сега пеј и играј таму горе и чекај не’. Нека ти е лесна земјата, брате. Те сакаат Лило и другите браќа од Seven Up: Гоги, Недим и Фудо“, стои во објавата под заедничката фотографија.
Дамир кој ќе биде погребан утре, во февруари годинава дозна дека боледува од рак на панкреас.
Be the first to write a comment.