Вчера се појави веста дека поранешната пејачка на групата „Е.Т. исчезнала. Хрватските медиуми објавија дека полицијата трага по Катарина Раутек Омажиќ, а како што навеле, таа по своја волја ја напуштила загрепската болница и оттогаш никој не знаел каде се наоѓа.
– Во случај да имате информации за ова лице, ве молиме известете ја најблиската полициска станица или јавете се на 192. Информациите можете да ги доставите и преку е-маил адресата: [email protected] – соопшти Јавното обвинителство на Загреб, кое е одговорно за случајот на Катарина Раутек.
Нејзината пријателка, водителка и инфлуенсерка Хана Табаковиќ на Фејсбук објави дека Катарина е жива и здрава, а потоа се огласи и таа.
– Не знам кој го пријавил моето исчезнување – изјавила таа за РТЛ, а пренесува хрватскиот портал „Данас.хр“.
Be the first to write a comment.