Кога станува збор за Ана Бекута, речиси секогаш, од самите почетоци на нејзината кариера можеше да се забележи како носи брендирани модни комбинации, соодветно вклопени, што само придонесе нејзината фигура и глас да бидат позабележителни. Сите модни критичари до неодамна беа на нејзина страна, тврдејќи дека пејачката не греши при изборот на облека.
Легендарната фолк дива низ годините драстично го промени својот стил. Од тесни фустани и убави комплети, по смртта на нејзиниот емотивен партнер, политичарот Милутин Мркоњиќ, кога поради стрес се здебели, се префрли во широки туники и фустани, а штиклите ги замени со рамни обувки.
Стајлингот на Ана Бекута веќе година-две вклучува лежерна гардероба, широки панталони и рамни чевли, главно мокасини и патики. Понекогаш се обични, понекогаш се флексибилни и удобни за трчање, а понекогаш се шарени, со голем ѓон и многу тешко се вклопуваат.
Ана токму таков пар носеше на снимањето на емисијата „Ѕвезде Гранда“, поради што падна во очите на фоторепортерите. Проблемот не е во патиките, туку во тоа што Бекута ги носеше со поелегантна комбинација.
Пејачката предизвика бројни различни коментари. Некои ја пофалија нејзината смелост, но се чини дека имаше повеќе оние кои не ја видоа хармонијата во нејзината комбинација на облека, коментирајќи дека патиките ги позајмила од внуката Соња, која секако подобро би изгледала бидејќи се навистина шик и младешки.
Be the first to write a comment.