Фолк-пејачката Наташа Беквалац (42) тресеше со колковите во средата вечерта во загрепскиот клуб „Минт“. Српската пејачка до зори ги пееше најголемите хитови како „Никотин“, „Поново“, „Није за мене“…
Беквалац настапи во проѕирен фустан со кристали, под кој носеше црн градник и танга. Пејачката со задоволство го сврте грбот кон публиката и со својата фигура воодушеви многумина во клубот.
Во еден момент обожавателите ја почестија жедната пејачка со виски. Додека Наташа пеела, клекнала за да ја земе чашата.
На сцената и се придружи Санди Ценов (54). Заедно го отпеаа хитот на Дино Мерлин и Весна Змијанац, „Кад замиришу јорговани“.
Be the first to write a comment.