72-годишниот Марко Костадинов го убил 34-годишниот Бојан Младеновиќ во текот на ноќта во Демир Капија пред потоа сам да си го одземе животот, објави Телевизија 24, по веста која изутрина ја потресе земјата. Костадинов, кој неофицијално бил полицаец во пензија, знаел да се заканува, но соседите не го сфаќале сериозно. Тој живеел на долниот кат, а Младеновиќ на горниот.
Младеновиќ додека спиел ја оставил вратата отклучена, а Марковски се качил во неговото живеалиште, го застрелал на спиење во главата и потоа го заклучил. Кога се симнал во својот дом си го одзел животот.
Жителите изутрината побарале од полицајците да проверат горе што се случило, а тие ја скршиле вратата. Претходно, МВР информираше дека повозрасниот демиркапиец претходно го пријавувал младиот сосед за тропање од горе. Во полициска сстаница била повикана исказ да даде сопругата на убиецот.
Зошто не му беше одземено оружјето на пензионерот-убиец од Демир Капија, прашуваат блиски на убиеното момче?
Неофицијално, имаме информација дека Бојан бил убиен со пиштолот кој М.К. го поседувал со дозвола. На целото тоа нетрпение, плус неговата возраст, навлезен во осмата деценија од животот, прашуваме зошто не му било одземено оружјето? – за „Фокус” велат блиски пријатели на убиениот Бојан М. од Демир Капија.
Појаснуваат дека помеѓу двајцата соседи многупати имало нетрпеливи ситуации. Вознемирени и шокирани од настанот, велат дека им е премногу тешко воопшто да зборуваат за трагедијата.
Настанот во Демир Капија ја потресе земјата рано утрово. Според МВР, денес во 6.50 часот, во полициската канцеларија Демир Капија било пријавено дека во сопствените домови со прострелни рани биле пронајдени Б.М.(34) и М.К.(72), двајцата од Демир Капија. Смрт кај двајцата констатирал лекар од Итната медицинска помош, а во координација со јавен обвинител на местото се врши увид.
Околу тоа дали М.К. го поседувал огненото оружје со кое го извршил убиството и самоубиството, со дозвола, но и дали како што се шпекулира во Демир Капија, лицата го пријавувале меѓусебното нетрпение во полиција.
Be the first to write a comment.