Новиот филм на Џенифер Лопез, „The Mother“, стана најгледаниот филм на стриминг платформата Netflix веќе во првиот ден од неговото пуштање. Ова го објави Џеј Ло на својот Facebook профил, наведувајќи дека филмот го достигнал првото место во 83 земји.
Во филмот, Џенифер Лопез игра припадник на специјалните сили кој излегува од криењето во далечната дивина за да ја заштити ќерката што била принудена да ја напушти како новороденче од одмаздољубивите криминалци.
Филмот на Netflix, чија премиера беше во петокот, содржи многу брканици со автомобили и мотоцикли со голема брзина, како и сцени со борби.
Заедно со Џеј Ло, во филмот глумат Луси Паес и Омари Хардвик, кои ја играат нејзината ќерка и агент на ФБИ. Филмот го режираше Ники Каро.
Be the first to write a comment.