На крајот од финалето во Купот на Македонија во кое „вардарци“ го одбранија минатогодишниот трофеј во најмасовното домашно клупско натпреварување, и апсолутно непотребен инцидент меѓу играчите на двата тима.

Непотребен судир по крајот на дуелот, со тензии меѓу ракометарите на двете екипи, кој за среќа брзо беше смирен. Мала „црна дамка“ на одличното финале кое на терен го пружија двете екипи…

По средбата се случи инцидент во кој најдебелиот крај го извлече ракометарот на „црвено-црните“, Филип Талески кој доби пендрек по глава без никаква причина.

Колку што може да се забележи на видеото, полицаецот без никаква причина преку неколку луѓе скокна за да го удри Талески директно во главата и само чудо е како ракометарот на Вардар и македонски репрезентстивец избегна сериозна повреда.