Повредите на главата кои ги здоби нуркачот Андреј Самарџиќ (28), чие тело беше извлечено пред два дена недалеку од Велика плажа во Улцињ, се такви што се претпоставува дека се предизвикани од поголем пловен објект. Али Ушак (29) од Улцињ синоќа е уапсен под обвинение дека возел глисер и го убил несреќниот млад човек. Сепак, Ушак денеска е пуштен да се брани од слобода.
Никша Миљањиќ, долгогодишен нуркач и адвокат, вели дека вакви работи нма да се случуваат доколку властите си ја завршат работата како што треба.
– Тажен сум и огорчен. Со години апелирам и преку медиумите и повеќе или помалку директно и буквално ги молам властите дека мора да се води сметка за брзината и оддалеченоста на брзите пловни објекти од брегот. За жал, се чини дека тоа мораше да се случи. Изгубивме пријател, добар млад човек кој го сакаше морето. Навистина е крајно време да почнете да ставате ред на некои работи. Андреј очигледно бил убиен од брод кој се движел на само десет до дваесет метри од брегот. Правилото е дека не можете да пловите ни на 300 метри од брегот, а да пловите на глисер на 100 метри од брегот! Сепак, ова апсолутно не се почитува. Ароганцијата во последните години го достигна својот врв со појавата на туристички глисери. Многупати апелирав до надлежните да го контролираат ова правило, но залудно. Одговорно тврдам дека со три поквалитетни камери само во Бока Которска, може слободно да се казнуваат десетици „лудаци“ кои се движат од 20 до 30 метри од брегот, буквално секој ден, дури и во зима. Да не зборуваме за сезоната. И да не зборуваме за беспилотни летала, радари и други современи уреди, кои лесно можат да им бидат на располагање на властите. Сепак, ништо не е направено. Повторувам – револтиран сум! – вели Миљаниќ.
Според Жарко Лукшиќ, помошник-директор на Управата за поморска безбедност и управување со пристаништа (УПСУЛ), Андреј Самарџиќ бил пријавен за исчезнат во средата во 13:40 часот кога последен пат бил виден во близина на пристаништето Милена, на почетокот на Велика плажа во Улцињ, каде нуркал со другар.
– Нуркачот ловел риба, а неговите пријатели го пријавиле за исчезнат. Поморскиот оперативен центар веднаш започна координирана операција за пребарување и спасување и спасувачкиот брод САР-1 е испратен во Велика Плажа – изјави Лукшиќ.
„Ќе те паметиме насмеан“
Пријателите и семејството на настраданиот млад човек со потресни пораки се простија од Андреј.
– Наш сакан и секогаш насмеан, тешка е самата помисла дека те нема. Засекогаш ќе останеш во нашите сеќавања, ќе те паметиме насмеан, љубезен, како пријател, брат, каков што беше – потпишан од Балша и Милица. Обвинетиот од Улцињ вели дека не може со сигурност да каже дали го покосил Андреј.
Според информациите на „Вијести“, Ушак на рочиштето на обвинителот му рекол дека не може со сигурност да каже дали го убил нуркачот или не со глисер и побарал оваа околност да се утврди што поскоро со вештачење на неговиот пловен објект во за да го симне од себе товарот на смртта на Андреј Самарџиќ.
Рибарскиот клуб од Црна Гора на својот профил на социјалните мрежи детално опиша како се случила трагедијата.
Be the first to write a comment.