СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.Ѓ.(61) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата”.
При контрола од Државниот просветен инспекторат во Регионалниот центар за стручно образование „Моша Пијаде” во Тетово, биле констатирани неправилности во издавањето на свидетелства за завршена прва и втора година на Ј.А.(45) од Тетово, односно издавање на свидетелството за завршена втора година е пред датумот на издавање на свидетелството за прва година.
„Исто така, констатирани биле неправилности и во водењето главна книга за запишување на вонредните ученици за 2001/2002 година, односно направени се корекции во годината на полагање на испити без потпис на директорот и печат на училиштето. Од увидот во главната книга за учебната 2002/2003 година било утврдено дека на Ј.А. не му било издадено свидетелство за завршена трета година, а се запишал четврта година и полагал три испита од истата година пред да ја заврши третата година“, информира МВР.
Be the first to write a comment.