Докторка гинеколог од охридската општа болница извела лекарска интервенција абортус врз една пациентка, а ја завела на име на друга пациентка. Според полицијата,станува збор за 60 годишна докторка со иницијали О.Ф. и таа се сомничи за сторено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“.
СВР Охрид: ”Таа на 15.12.2022-ра во својство на доктор на едно одделение во општата болница во Охрид, извршила лекарска интервенција врз едно лице, по што интервенцијата ја завела со лични податоци од друго лице, а потоа со фалсификување на потписот од раководителот на одделението ја заверила интервенцијата.”
Неофицијално на охридското гинеколошко одделение дошла жена на која и бил извршен прекин на бременоста, но абортусот наместо кај неа, докторката го завела кај друга пациентка која воопшто не била нити бремена. Низ болничките ходници се шпекулира дека медицинска сестра од одделот за ова го алармирала семејството на жената на која ни крива ни должна во медицинското досие сега и стои дека и е извршен абортус,измилувајќи дека таа набодно била во втор месец од бременоста. Докторите кои сакаат да останат анонимни велат дека испратиле допис до надлежни институции и дека бараат докторката да се суспендира. Случајот е сега во рацете на обвинителството.
Основно јавно обвинителство: ”Кривичната пријава е примена и оформен е предмет во Основното јавно обвинителство Охрид, кое постапува и презема дејствија за испитување на настанот”.
Од охридската општа болница велат дека поради чувствителноста на случајот, ќе почекаат полицијата и обвинителството да си ја завршат работата. Инаку како што дознаваме истата докторка неколку години била суспендирана од работа,но судот неодамна ја вратил задолжувајќи ја болницата да и плати оштета од еден милион денари.
Иако настанот се случил на крајот на мината година, истрагата оди бавно бидејќи жената никаде ја нема, таа е недостапна за органите на прогонот.
Be the first to write a comment.