Денес 9 мај 2023 година во Битола, на 75 годишна возраст, почина познатиот карикатурист, новинар и естраден работник Миле Милевски. Милевски работниот век го помина како новинар во весникот на трговското претпријатие “Јавор “ од Битола.
Битолчани ќе се сеќаваат на Милевски и по тоа што беше познат тапанар и пејач во групата “Боцкин“, заедно со Боцкино и Црвенко.
Миле Милевски е роден во Битола во 1947 година, а првата карикатура ја објавил во „Остен“ 1969 година, која ја нацртал во студентската населба „Медицинар“ во Скопје, а уште тогаш пред 50 години Милевски предвидува што ќе се случува денес. Објавувал во Студентски збор, Нова Македонија, Трудбеник, Битолски весник, Јеж, Паулиха – Љубљана, Дело, Без Навреда, Слободен печат… Учествувал на повеќе светски фестивали и светски галерии во Скопје, Истанбул, Акшехир, Антверпен, Токио, Пескара и Толетино – Италија.
Милевски има обавено над 1.500 афоризми, а бил член и оснивач на групата БИК (Битолски карикатуристи).
Автор е и изведувач на песната „Минаа 30 лета“ за која го има напишано текстот посветен на вечната болка – печалбарството.
Посмртните останки ќе бидат изложени утре 10 мај 2023 година од 10 до 12 часот во црквата “Св. Димитрија“, а погребот ќе се изврши на буковските гробишта.
Be the first to write a comment.