Денеска околу 16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на територија на Центар се изгубиле две малолетнички од струмичко кои биле дојдени на училишна екскурзија во Скопје.
„Според пријавата на нивната професорка Е.А., последен пат ги видела пред трговскиот центар „Веро Џамбо“. Се преземаат мерки за пронаоѓање на малолетничките“, информира МВР.
Вечерва на социјални мрежи се споделува снимка од безбедносни камери на која се девојчињата Антонија Јанкова(12) и Радмила Иванова(14) од струмичкото село Петралинци, со информација дека во 15.50 часот последен пат се видени во „Веро Џамбо“ и дека најверојатно се упатиле кон центарот на Скопје.
Според информации на социјалните мрежи, девојчињата со своите врсници биле на екскурзија во Скопје.
Be the first to write a comment.