Не стивнуваат реакциите во јавноста по смртта на познатиот естраден фризер Никола Ракочи кој почина на 38-годишна возраст. Прва се огласи Ана Корач, една од најатрактивните девојки на Балканот која има армија фанови и кај нас.
„Почивај во мир, Николче“, напиша таа на „Инстаграм“. И други познати дами со трогателни посвети се простуваат од својот омилен „мајстор на својот занает“ кој прерано го напушти овој свет.
„Почивај во мир, Ниџо“, напиша Луна Џогани. Со неверување ја примија тажната вест и Наташа Беквалац и нејзината сестра Кристина со кои беше особено близок, како и пејачките Славица Ќуктераш и Милица Тодоровиќ.
„Никола мој, патувај со ангелите. Во шок сум“, напиша Ќуктераш на „Инстаграм“.
Причината за смртта на Никола не е потврдена, но повеќе српски медиуми објавија дека најверојатно во прашање е сепса.
Be the first to write a comment.