Утрово е уапсен воспитувач од градинка во Оџаци во Војводина, неофицијално дознаваат српските медиуми!

– Според наш извор упатен во случајот, тој се товари за кривично дело недозволена полова активност, бидејќи е осомничен дека фотографирал деца, објавија медиумите.

Како што дознаваат, тој им рекол никому да не кажуваат што прават, бидејќи тоа е „нивна тајна“.

– Тој е осомничен за кривично дело недозволена полова активност – вели изворот.