Скопјанец е измамен по пат на интернет од лице кое се претставувало дека е од Турција. Во СВР Скопје, вчера во 10 часот, 63-годишен скопјанец пријавил дека е измамен за сума од 2.300 евра, од едно лице, кое се претставило дека е од Република Турција.
На 25 април годинава преку социјална мрежа и преку електронска пошта лицето го контактирало и го известило дека бил наследник на поголема сума на пари во банка.
Лицето му побарало да испрати лични податоци преку електронска пошта и пари за наводни трошоци. Тој ги испратил личните податоци по меил, а парите преку брз трансфер, по што прекинала комуникацијата со лицето и тој сфатил дека е измамен.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Be the first to write a comment.