Како татко на три деца кои растат во Република Македонија, а во врска со ужасот кој се случи во Белград, апелирам до СИТЕ СОВЕСНИ РОДИТЕЛИ да НЕ ТОЛЕРИРАМЕ појави кои се причини за настани како денешниот! Денес меѓу другото го прочитав следното:

“…истражувајќи ги процесите во областа на образованието каде го поминав мојот целокупен работен век со бескомпромисно вложување успеав да откријам бројни слабости од нормативен и институционален карактер. Но, најтешки и најболни за мене беа персоналните, односно кадровски проблеми кои секојдневно го уништуваат системот кој е важен за просперитет и развиток.

Не постои сегмент од општеството каде нема корупција! Не постои функционер кој со невидена леснотија не се впушта во корупција (исклучоците се редок примерок во природата)!

Почнувајќи од Министерот за образование (!!!!!) и наука, д-р Јетон Шаќири чијашто диплома е нострифицирана после неговиот избор во наставно-научно звање доцент, преку неговиот заменик министер (!!!) д-р Нухиу Агим, кој напредувал спротивно на Законот за високото образование, а исто е и со пратеникот Арбер Адеми, кој беше поранешен министер за образование (!!!!) и кој незаконски се унапредува во наставно-научно звање доцент, па се’ до главниот прикривач на просветно-инспекциските контроли и надзори ширум низ државата, Африм Салиу… Оваа комедиографија нема крај…”

Цитат на Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија, како дел од негово ВТОРО писмо до амбасадорката на Соединетите Севрноамерикански Држави во Македонија!

ПИСМОТО е адресирано на погрешна адреса! Писмото се однесува НА НАС РОДИТЕЛИТЕ! Агелер е денес во Македонија и утре ќе си замине како никогаш и да не била! Ние остануваме во Македонија затоа што НИЕ СМЕ МАКЕДОНИЈА!

ВРЕМЕ Е ДА СЕ ПОЗАНИМАВАМЕ со ПРИЧИНИТЕ, а не со последиците!

ОСТАВКА ВЕДНАШ и поставување на КОМПЕТЕНТНИ ЛУЃЕ на сите ОБРАЗОВНИ институции во Македонија! ВЕДНАШ, ДЕНЕС!

Запомнете: ЗАСЛУЖУВАМЕ СЕ ШТО ТОЛЕРИРАМЕ!

Ако ужасот во Белград не ни е доволен аларм, не заслужуваме да се наречеме родители! ПРЕДЛАГАМ ДА СЕ ПРЕКИНЕ НАСТАВАТА ВЕДНАШ додека не заминат сите УЗУРПАТОРИ во институциите на министерството за образование!!!

ВЕДНАШ, инаку не ги заслужуваме сопствените деца ако не сме способни да си ги заштитиме!