Во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар, се случи невидена трагедија кога ученик од 7-мо одделение уби 8 ученици и чувар, а рани шест врсници и наставничка. По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, таткото на момчето убиец е приведен и задржан до 48 часа поради сомнение дека сторил кривично дело „тешки кривични дела против општата безбедност“.
Според Кривичниот законик во Србија, затворската казна за ова дело е од шест месеци до дванаесет години. Но, како што тврди адвокатот Иван Симиќ, малолетникот и неговите родители не можат да одговараат за крвавиот пир.
– Сторителот (детето) не одговара кривично. Професијата и науката се јасни. Дете под 14 години не одговара кривично, јасен е Симиќ.
На прашањето кој ќе одговара за злочинот каков што Србија не памети, тој вели дека нема основа врз која некој од семејството може да одговара доколку оружјето се чувало на безбедно место.
– Како треба да одговора некој од семејството, по кој основ? За што треба да одговара, што не го воспитал добро? Родителот не може да биде одговорен ако пиштолот бил во безбедно и соодветно складиран. Ако не бил, може да одговара за некаков прекршок и тоаа ако детето имало пристап до пиштол – забележува соговорникот.
Тој додава дека како општество треба да се запрашаме во која насока одиме, а причината за трагедијата е многу подлабока од прашањето дали таткото ќе одговара пред законот.
– Родителите не можат да одговараат за тоа што го направило нивното малолетно дете – заклучува Симиќ.
Be the first to write a comment.